Македонија го игра мечот со Исланд во последното коло од квалификациите и бара победа за пласман во баражот што ќе биде историски успех.
Интересот е огромен, па стадионот по долго време е полн. Околу 25.000 навивачи на трибините навиваат за Македонија.
Македонија уште во седмата минута од натпреварот го отвори резултатот против Исланд, по една супер асистенција од Трајковски, Алиоски ја закова топката во мрежата на Олафсон за водство од 1-0.






