Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно.
По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со свети Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија.
Обајцата пострадаа маченички за Господа Исуса Христа. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Свети Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.
Преподобните Спиридон и Никодим

Монасиите и просфорници во Печерскиот манастир. Спиридон беше неписмен, а го знаеше наизуст целиот Псалтир и вршеше чуда за време на животот. Се упокои во 1148 година.






