Мадалина Генеа (33), која многумина ја нарекуваат најубава жена на светот и ја споредуваат со Моника Белучи, се појави на премиерата на филмот „Куќата на Гучи“ и блесна како вистинска ѕвезда во секој сегмент.
Многумина синоќешното појавување на Лејди Гага во виолетовиот фустан на модната куќа Гучи беше оценето како спектакуларно, но романската актерка не беше далеку од тоа и никој не остана имун на нејзиниот изглед.
Убавата Мадалина која го игра ликот на Софија Лорен блесна на црвениот тепих во црн долг фустан кој одлично и прилегаше.
Фустанот кој ја следи линијата на нејзиното тело со нагласено деколте има долен дел кој е раскошен. Целиот впечаток е навистина величенствен, а нејзиниот фустан изгледаше совршено.
Мадалина Генеа, која живее и работи во Италија, е мајка на Шарлот, а таа пред се е модел, а потоа и актерка. Ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони, а Џералд Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо не можеле да одолеат на нејзиниот шарм.
Таа беше во врска и со трговецот со уметнички дела Вито Шнабел, додека ја има ќерката Шарлот во врска со романски претприемач.






