Пратеникот од Левица Димитар Апасиев напиша статус на Фејсбук како реакција на објавеното видео од пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, кој откако не се појави на седницата за гласање доверба на владата, преку снимка порача дека дека е жив и здрав и кога ќе завршат ризиците ќе даде изјава.
„Со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите евро-атлантски пратенички статуси“, напиша Апасиев.






