Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека е најдено решение со потписите на иницијативата за гласање недоверба на Владата и убеден е дека утре ќе падне Владата.
Пред истекот на работното време, денеска во архивата на Собранието 17 пратеници ги повлекле потписите од иницијативата за гласање доверба на Владата поднесена во понеделникот. Ситуацијата е следна: Иницијативата останува во живот, 17-мината пратеници се повлекле само од потписници, за да не бидат заедно на ист список, а сите притоа ќе гласале за недоверба на Владата.
Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги повлекле потписите се и Александар Николоски и Владо Мисајловски, а потписите ги повлекле и двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, со што е задоволено барањето на Скендер Реџепи неговиот потпис да не стои до потписите на Левица.
Утре почнува седницата за Барање за гласање доверба на Владата.
По повлекувањето на дел од пратениците потпишани на иницијативата, претседателот на Алтернатива Африм Гаши попладнево на прес-конференција рече дека тој и уште тројцата пратеници од негова партија утре ќе гласаат за недоверба на владата.
Тој додаде дека не треба да има брзи избори, туку нова влада избрана од актуелниот парламентарен состав.






