Свештеник со брзи рефлекси како Чак Норис совладал маж кој извадил пиштол за време на црковна служба во неделата во Тенеси, пишува Ен-Би-Си њуз.
Дезире Баганда (26) седел во Пентекосталната црква во Нешвил, кога ненадејно извадил пиштол и се приближил до олтарот, каде што свештеникот се молел со неколку членови, соопшти полицискиот оддел во Нешвил.
Тој мавтал со пиштолот наоколу и им порачал на сите да станат, а потоа го вперил пиштолот кон верниците, соопштува полицијата.
Сето оваа е снимено на видео од безбедносните камери од црквата:







