Обилните дождови кои го погодија соседството предизвикаа поплави и низ Белград како по улиците така и по дворовите, па луѓето се обидуваат на разно-разни начини да си ги спасат имотите. Сведоштво за тоа е и снимката која доаѓа од белградска Борча, на која се гледа маж кој се обидува да си го реши својот проблем на принципот “да му цркне кравата на комшијата“.
Како што може да се види во видеото објавно на Фејсбук тој со кофа водата од својот двор ја претура кај комшијата, преку оградата.
Видеото го направила комшиката, и тоа од прозорецот и истото го објавила на социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/1197040807/videos/360791205823923/
Под видеото следувала цела низа негативни коментари на сметка на дотичниот господин.
„Ау, каков нечовек. Срамота“, „Чуден народ сме ние…“, се само дел од нив.
Оштетената објаснила дека комшијата и порано правел проблем и веќе го пријавувале.
– Пријавен е, и се мора преку суд. Се е тоа ОК, но не можам да верувам дека вакви луѓе постојат, одговорила на прашањето зошто не го пријавила случајот.






