Во наредните две години уште 355 лица треба да бидат изведени пред суд, меѓу кои и наводниот „бос“, Луиџи Манкозо, и поранешниот италијански сенатор, Џанкарло Пители.

Италијанското правосудство зададе тежок удар на ндрангета, една од најмоќните мафии во Италија,зад затворени врати во посебно опремена судница, судијата Клаудио Парис ја прочита пресудата за 91 обвинет со која се осудени 70, а 21 лице се ослободени.
Во наредните две години уште 355 лица треба да бидат изведени пред суд, меѓу кои и наводниот „бос“, Луиџи Манкозо, и поранешниот италијански сенатор, Џанкарло Пители.
Долгата листа на кривични дела во обвинението вклучува убиства, обиди за убиства, изнуда, оддавање државни тајни, злоупотреба на службената положба итн. Обвинението го застапува никола гратери, еден од најпознатите италијански обвинители кои со години се борат против мафијата… Тој поради ова повеќе од 30 години живее под заштита.





