Шкодране Дардишта која вчера напиша статус заканувачки за војна – Во нејзината биографија објавена од страна на Македонски Телеком стојат повеќе нецелосни и несоодветни податоци за нејзината кариера но нема ниту една конекција која може да биде оправдување за нејзиното членство во одборот на директори во Телекомот.
Во биографијата пишува дека е магистрант, а во исто време пишува и дека веќе докторирала и тоа во Белград. Според македонските закони не е можно да сте се уште магистрант а да сте докторирале. Во документот кој е јавно објавен таа не кажува каде магистрира и каде точно докторирала- пишува Експрес мк.

Документот на Телеком во кој може да се најде биографијата на Дардишта, која е екс припадник на УЧК, а предложена од Владата за оваа позиција е на овој линк:
https://www.telekom.mk/15-12-dokumenti-materijali-i-predlozeni-odluki-za-sednicata-na-sobranie.nspx
Денеска се огласи и Али Ахмети лидерот на ДУИ чиј член е Дардишта, со став дека таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ.
„Таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ“, рече Ахмети.
Реакција имаше и од Македонски Телеком кој се огради од нејзиниот став:
„Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“, наведува македонски Телеком во соопштението.






