Видео снимки направени од воздух најдобро ги покажуваат размерите од поплавите кои го погодија Кантонот Сараево, а како резултат на страшното невреме кое траеше во текот на ноќта и денес.Снимени се најкритичните делови од Сараево, а кадрите ги прикажуваат потопените населби. Може да се забележи и дека Босна е надојдена и дека се излеала на неколу места, при што ги потопила објектите кои се наоѓаат покрај реката. Под вода се и некои населби кои се наоѓаат од двете страни на автопатот.
Фоторепортерите на порталот Klix.ba освен снимки од воздух, ја забележале и ситуацијата на теренот каде под вода се голем број станбени објекти и приватни автомобили. Спасителите веќе ги евакуираат жителите од Отеса и ги преместуваат на посигурни локации.

Заради целата ситуација поголем дел од Сараево е без струја, а некаде елетрична енергија нема заради претпазливост.

Сараевскиот кантон во текот на ноќта го зафати страшно олујно невреме, а најлошо е во Отеса.
Поплавен е и современиот комплес Sarajevo Waves, што се наоѓа на Илиџа.
Во многу делови на Отеса водата е до колена, но на некои локации е и преку метар, па може да се видат само крововите на автомобилите како ѕиркаат низ водата.
Освен Отеса поплавни се и населбите Влаково, Бутимир и Доњи Которац.
За ТВ Хајат жителка на најзагрозениот дел од Сараево вели дека помош нема, а гладна е веќе два дена.






