Во едно гостување во НТВ во 1991 година Тома Здравковиќ српскиот пејач во историското интервју говори за тоа што научил од кафаните и со какви луѓе се сретнал.
-Кафаната не е само место кадешто излегуваат пијани луѓе, таму можете да сретнете интелектуални, јас сум седел со многу луѓе, тоа е за мене повеќе една култура на живеење и начин на живот кој е многу подобар ако сте вие расположени, кај нас луѓето се чувствуваат многу пријатно во кафана, комуницираат, слушаат добра музика и пеење, јас сум научил многу од луѓето затоа што во кафана се збори се и сешто, кафаната е факултет, ќе каже Здравковиќ во интервјуто.






