Персоналот на аеродромот во Абу Даби останал во шок кога во 2019 година го виделе пасошот на маж кој пристигнал на терминалот, а во кој пишува дека има дури 123 години.
Свами Сивананда е роден на 8 август 1896 година во Бехала, Индија и отпатувал од Калкута до Лондон, но морал да се пресели во Абу Даби.
Доколку датумот на неговиот пасош е точен, Сивананда моментално е најстариот човек на планетата, пишува Дејли Мејл.
Старецот останал без родители кога имал шест години по што неговите роднини го предале на духовниот гуру со кој отпатувал во Индија.
Човекот изгледа многу помлад отколку што се претставува, а вели дека тоа е затоа што редовно практикува јога, дисциплиниран е и живее во целибат.
Водам едноставен и дисциплиниран живот. Јадам многу едноставно, само зготвена храна без масло или зачини, ориз и гулаш со неколку зелени пиперки – рече тој.
Спие на тепих на подот и користи дрвена штица како перница.
Ги избегнувам млекото и овошјето бидејќи мислам дека се луксузна храна. Како дете долго спиев со празен стомак – рекол тој.
Инаку, Шивананда веќе четири години се обидува да ја докаже својата возраст за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.







