Американската пејачка и актерка Лејди Гага е ѕвезда на декемвриското издание на британската и италијанската верзија на магазинот Vogue, овој пат позирајќи гола. Во интервјуто таа откри и детали за снимањето на филмот House of Gucci.
Првпат во историјата иста личност е на насловната страница и на британската и на италијанската верзија на познатото списание, а фокусот на интервјуто беше насочен кон филмот House of Gucci.

Лејди Гага за насловната позираше во различни изданија, италијанската верзија го прикажува нејзиното лице одблизу, додека за британската е облечена во долга сребрено-црна тоалета.

На една од фотографиите пејачката лежи додека позира без облека, а со рацете ги покрива облините.
Филмот е во режија на Ридли Скот, а во него го претставува своето видување за едно од најстрашните злосторства во светот на славните. Лејди Гага се појавува во улогата на Патриција, позната и како Црна вдовица, прогласена за виновна и осудена на 29 години затвор поради ангажирање на убиец за убиството на поранешниот нејзин сопруг Маурицио Гучи.






