Пишман аџија, јок оставка, коментира лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи за оставката која синоќа ја поднесе премиерот Зоран Заев.

Од кабинетот на претседателот на Владата велат дека не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември.
„ Оставката е јасен чин на преземање одговорност“, велат од кабинетот на Заев.
Како што посочуваат, во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.







