Пред два дена во Скопје изби скандал со бугарски шмек. СДСМ односно Славјанка Петровска на прес конференција од партиската говорница прикажа копија од лична карта, но таму е напишано името Даниела – со една буква разлика. Според споделената копија од личната карта таа е издадена во мај 2017 година со наведена постојана адреса во Петрич и со важност до 2027.
Имено на веб-страницата на МВР за бугарски лични документи. На посочениот матичен број и датум на раѓање излезе: „Документ N: [6469489279] датум на раѓање [20.12.1979 година] не фигурира во списокот на валидни бугарски лични документи.

Премиерот Заев побара Арсовска да се повлече од вториот круг. Таа одговори на обвинувањата на владејачката СДСМ за наводно поседување бугарски пасош.

„Разочарана сум. Како не се срамат? Штета што го направија ова два дена пред крајот на кампањата. Јас не поднесувам оставка, нека си ја подготви тој во понеделник“, рече Арсовска, мислејќи на Зоран Заев кој навести дека доколку СДСМ не ја добие градоначалничката функција во Скопје ќе поднесе оставка, пренесува 24 часа БГ.
Извор: 24 часа БГ






