Најзборуваниот филм на Балканот, филмот „Тома“ во режија на Драган Бјелогрлиќ веќе се прикажува во македонските кино сали. Првите проекции во Скопје беа на 16-ти и 17-ти октомври во двете кина во градот.
А на 18-ти октомври пак беше првата проекција во 3Д Кино Битола.

„Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија.

Ова е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата







