Стравична сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Тетово- Скопје, во која има и една жртва.
Од СВР Тетово за КУРИР информираат дека на автопатот Тетово- Скопје во близина на с.Ласкарци, денеска во 17:53 часот, патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране, Гостиварско, излетало од коловозот.
На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране.
Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.






