Како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу Македонската револуционерна организација, која ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност, објави Заев.
Нашата борба, додава премиерот секогаш била само да се биде свој на своето – стремеж за држава на сите и за сите. Храброста и одлучноста на сите на кои денес им оддаваме почит имаше своја прва кулминација со Илинденското востание со што беше поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, а нивната саможртва одекна надалеку меѓу народите во слободољубивиот свет






