Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Њу Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.
Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust”, соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе.
Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје”, се вели во соопштението на полицијата.
Како бомба одекна веста во светот во која славниот холивудски актер Алек Болдвин на снимање со огнено оружје погодил режисерка на фотографија, Халин Хачинс, а го ранил режисерот и сценаристот на својот нов филм “Руст“.
Таа веднаш починала од прострелна рана, а погодена е во импровизирана црква на сет.
После инцидентот, новинарот Парис Морган објави фотографија на која се гледа глумецот скршен, видно потресен и со солзи после трагедијата.
BREAKING: A distraught Alec Baldwin, after he accidentally shot & killed the cinematographer on the set of his new movie, & wounded the writer-director. How on earth could this have happened?
— Piers Morgan (@piersmorgan) October 22, 2021
Pics: Jim Weber @thenewmexican pic.twitter.com/xrvcheLaCK






