Заборавете на печење, макотрпно лупење пиперки и валкање на „еден куп“ садови! Бонус е што ајварот подготвен на овој начин е поздрав, а и повкусен од класичниот. Еве како да подготвите …
Состојки: 600 гр црвена пиперка, 2 чешниња лук, морска сол, маслиново масло и бибер.
Подготовка: Пиперките добро измијте ги и исечете ги на помали коцки. Прелијте со масло, сол и оставете да се маринира околу три часа. Ставете ги пиперките во тава, и исушете ги околу четири часа во малку загреана рерна на 50 степени. После тоа, ако сакате, извадете ги лушпите од пиперките, а потоа мелете ги пиперките во мелница за месо. За време на мелењето, додадете бибер, лук и, ако сакате, лута пиперка. На крај, додадете повеќе масло и користете го за да додадете густина на ајвар.







