Екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски денеска добива обвинение од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција, објавија медиумите.
Истото доаѓа по истрагата за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци кој никогаш не бил искористен, но и за биометриска идентификација на гласачи, за што постоеја сомнежи дека е негов личен изум.
Рашковски во овој момент се наоѓа во домашен притвор, а откако изби првиот скандал, во јавноста се објавија низа други скандали.
Рашковски беше фотографиран како слободно шета надвор, за подоцна да стигне образложение од судот дека бил пуштен на лекарски преглед.
Пред неколку недели шефицата на обвинителството Вилма Русковска објави дека истрагата е при крај, дека вештачењата се готови, на распит беа осомничените, а двата предмети се споени во еден.
Освен против Рашковски покренато е и обвинение уште против шестмина негови соработници.






