Мајката која објави трогателна фотографија од нејзината ќерка како го теши својот брат по хемотерапија во 2019 година, сподели голема и убава вест.
На Бекет Бург во 2018 година му беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија. Една година подоцна, неговата мајка, на социјалните мрежи сподели фотографија која го обиколи светот. На фотографијата тогаш 4-годишниот Бекет го теши една година постарата сестричка додека тој повраќа како последица на хемотерапијата.
„Нејзиниот темпераментен брат наеднаш стана уморен“ – сподели тогаш мајката Кејтлин.
„Некому ова ќе му биде мачно ова да го чита и гледа. Моите две деца со разлика од само 15 месеци, од заедничко играње во градинка дојдоа до заеднично седење во болничката студена соба. Мојата ќерка тогаш гледаше како братчето го селат од итна на интензивна нега. Гледаше десетици пациенти како ги бодат со игли и сонди и ги пумпаат со лекови. Не беше сигурна што се случува, само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател.“ – порача мајката.
Но, долгата битка беше победоносна.
Линк од објавата:
https://www.facebook.com/2244751492232436/posts/3305533652820876/







