Пејачката Глорија Естефан признала дека била жртва на силување. Работата да биде уште поморбидна, пејачката со кубанско-американско потекло, сексуално злоставување доживеала кога имала само девет години и тоа од член на поширокото семејство кој бил „почитуван член на заедницата“, а кому нејзиното семејство му верувало.
За овој немил настан и траума од детството пејачката проговорила во емисијата “Red Table Talk”, која на Фејсбук се емитувала во четвртокот.
„Беше на позиција и мајка ми ме запиша во неговото музичко училиште, па веднаш почна да ми зборува олу сум талентирана и дека на мене треба да се обрати посебно внимание“, рекла Глорија и додала: „Кога сфатив што се случува и се заканив дека ќе кажам се, ми рече дека не можам ништо да сторам затоа што татко ми е во Виетнам, а мајка ми ќе ја убијат ако кажам некому.“
Рекла и дека полицијата подоцна и кажала на мајка и дека е подобро да не поднесуваат тужба заради траумите кои и бидат нанесени во текот на процесот.






