Актерот Милан Тоциновски реагира под објавата на Фејсбук од Екатерина Захариева, во која поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија нагласува дека е „крајно разочарана“ од настапот на македонскиот вицепремиер за евроинтеграција Никола Димитров пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
„Фашистички бугарски окупатор. Убаво си вели, дел од Бугарите што соработувавте со фашистичкото движење. Тоа не се сите Бугари, не вршеа сите Бугари ѕверски недела, убивање трудни жени и деца. Туку сите во Владата на цар Борис. И, како што е редот, треба да се извините и да побарате прочка. А не да глумиме дека вие ја ослободивте Москва. Некој за време на Тодор Живков ви инјектирал колективна свест, но каква!?“, коментира под постот на Захариева еден од актерите во македонскиот игран филм „Трето полувреме“, кој ги возбуди духовите во Бугарија.






