Присуството на украински и германски припадници на КФОР беше забележано утрово на административниот премин Јариње, каде што се одржува протест на граѓаните поради одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички и да распореди специјални сили на полицијата Росо.
Протестот во Јариње и Брњак трае веќе десет дена.
Ситуацијата на административните премини е сеуште мирна, но напната.
Пред два дена кај административниот премин Јариње, беа распоредени и припадниците на специјалните американски, полски и канадски војници во рамките на мисијата на КФОР на Косово и Метохија.
Фото и видео на следниов линк:






