Бесплатен јавен превоз за сите скопјани.Понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили!Со ова решение го презентирав еден од 15+1 проектите од мојата програма на прес конференцијата што ја одржав денеска.
На овој начин предвидувам решавање на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред.
Ако може тоа да функционира во голем број европски држави, зошто не кај нас? Сведоци сме на лошо работење на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење на систем за брз и ефикасен превоз. Решението за БРТ ниту е добро, ниту пожелно за Скопје и со него ама баш ништо не се решава, туку само дополнително се комплицира. Ќе се преместуваат мостови, ќе се сечат дрвја по Партизанска, ќе се направи гломазен нефункционален систем. Секогаш одиме по комплицираниот пат кога пред нас имаме едноставни решенија. Време е тоа да престане.Скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз.






