Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денеска е ПРЕПОДОБНА ТЕОДОРА: Мажот дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-09-23
in Uncategorized
Денеска е ПРЕПОДОБНА ТЕОДОРА: Мажот дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена

Денеска е 11 септември (по стар стил) и се слави Преподобна Теодора.

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев.

Избркана од манастирот, таа седум години помина живеејќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница. Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ѝ да му се врати – затоа што сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сето тоа исчезнуваше како чад.

По седум години, игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господа. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави Ангел и сè му објасни.

Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490. година.

Previous Post

Потера по КОЊ, ниту полицијата не можела да го сопре екстремно брзото животно (ВИДЕО) ?

Next Post

ПРИСТИГНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА- Овој ски центар утрово забели во сиот свој сјај (ФОТО)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
ПРИСТИГНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА- Овој ски центар утрово забели во сиот свој сјај (ФОТО)

ПРИСТИГНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА- Овој ски центар утрово забели во сиот свој сјај (ФОТО)

Recommended

Приходите на сопственикот на Temu намалени во првиот квартал

6 months ago
Началник на Генералштабот Ѓурчиновски: Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок од три месеци

Началник на Генералштабот Ѓурчиновски: Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок од три месеци

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.