Како зошто? Па малце ли неправди ни си случија ајде да тргнеме на страна политиката, па вие во моментов не можете да отидете да се излечите правилно. Пред некој ден одам во клиника поради скршеница и чекам пази 40 минути наводно„ сум немал упат“ океј знаеме како функционираат работите ајде еве ќе чекам пред мене, влегуваат шефови, познаници на доктори, оние со мито, САМО ДА ПРАШАМ тип луѓе,разни луѓе ама јас си чекам еве не сум имал упат.
Влагаш внатре и те праќаат на 2-3 шалтери подоцна завршуваш со упатите па после пак уште еден упат во суштина полесно е да си се олечите сами во ходник него ли да одите по процедурите на болницива, океј добив коментар од докторката дека така било и во Германија и ако се мислиш дека овде е лошо имаш праватни болници, ондак за што плаќам јас данок каде ми е инвестицијата што државата треба да ми ја врати, тука само се губи?
За што да збориме, за тоа дека тонеме како земја ? Па само пред еден месец имаат избркано 5 000 жени од работилници кои шијат, банки пропаѓаат луѓево немаат пари, гледајте по огласите на реклама 5 се продава се и свашта луѓево се очајни. Оние починатите од Ковид кои се немаат пари да ги закопаат истите па ги крадат прават глупости се смее цела држава не е смешно жално е накаде одиме.
Горе не е светло и сјајно но едно што е загарантирано е дека ќе бидам совесен странец а не како тука странец во своја држава.







