Преподобната Касијана живееше во 9 век, во Цариград, во времето на иконоборецот цар Теофил. Потекнуваше од видно семејство и се имаше стекнато со високо образование.
Основа манастир во Цариград каде што стана игуманија, по вдахновение од нејзниот духовен отец, светиот Теодор Студит.
Од царот иконоборец претрпе прогони и камшикување, поради тоа што не сакаше да молчи и да не зборува против ереста на иконоборството.
Позната е како химнограф на Црквата и е единствена жена чиишто дела се користат во православното богослужење. Нејзини творби се канонот на Велика Сабота и дел од стихирите на Рождеството Христово, на Рождеството на Претечата и на други празници.







