Повторно прекин на пописот, но засега нема детали за причините. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека владата наскоро ќе даде детали.
– Не ме прашувајте ништо, наскоро ќе добиете соопштение од Владата во врска со пописот, рече Симовски, откако денеска попишувачите повторно не излегоа на терен за да ја спроведат статистичката операција.
– Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата – изјави за Плусинфо Апостол Симовски.






