Не стивнуваат реакциите во јавноста после вчерашното предупредување дека е можно враќање на рестриктивните мерки за да се спречи ширењето на Ковид 19.
На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека Владата влече нелогични потези како што се враќање на хронично болните и мајките на работа, воведување настава со физичко присуство на учениците, отварање на театрите и кината, на градинките, а истовремено најавува повторни рестрикции.
Од друга страна, други укажуваат дека ако се почитувале мерките немало да дојде до ваква состојба.
Посебно се критикува најавата дека се разгледува можноста носењето маска да биде задолжително и на отворен простор, што според многумина е небулоза посебно ако се земе предвид дека голем дел од населението и досега не ги почитуваше дадените протоколи
Маска на отворено и сам да одиш ама во кафана во затворен простор не мора да се носи маска.
Абе дали имате памет?
— Dimko (@ddimkooooo) September 22, 2020
Маска на отворено, при отворени кафани и молови е чиста глупост.
— Тик Так на радио. (@tiktaknaradio) September 22, 2020
Ти кажав моја претпоставка. Сигурно Филипче и комисијата знаат повеќе фактори. Еве и @Covid19TrekerMK дечките може да асистираат со коментар.
— Токсичен1 ? (@Covek1) September 22, 2020
Научно објаснето:
„Владате најавува нови рестриктивни мерки. Маска на отворено и кога сте сами.“
и
„Владата донесе одлука за работата на театрите, кината, операта и балетот.“ pic.twitter.com/oTSDLGuhsQ
— Свети Нео (@SvetiNeo) September 22, 2020







