Сликано од жичарата во Ски-центарот во Маврово денеска посетителите имаа интересен гостин . Иако на сликите мечката изгледа како мало мече сепак височината е таа која ја прави да изгледа мала. Не е првпат да се види ваква глетка, овие животни често пати излегуваат од нивниот дом каде што се во потрага по храна, па така и оваа мечка е уловена од камерата на посетителите.









