Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бoлницитe вo Teтoвo, Гocтивap, Cтpyгa и Kичeвo пpeпoлни co кoвид пaциeнти – aктивни нaд 13.000 cлyчaи

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-08-27
in Uncategorized
Ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна!

Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од 27-те починати, шест се од Тетово, пет од Гостивар, три од Кичево. Тројцата починати од Кичево се на возраст 48, 46 и 45 години.

Одговорните за здравство смируваат. Тие сметаат дека во полошкиот регион веќе е достигнат пикот и сега ситуацијата ќе почне да се смирува.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Заменикот-министер за здравство Илир Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

– Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави сè уште трае координацијата со директорите на болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево, со цел на секој пациент на кој му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што сè уште има места во болницата во Козле, каде ротира тим на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

– Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.

Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација, која, како што рече, треба да стави крај на пандемијата.

– Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство, кој ги повика родителите на децата да се вакцинираат пред почетокот на учебната година.

Тој рече дека се разгледуваат и некои светски искуства за тоа што се прави во училиштата во однос на брзи тестови кај децата.

– Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.

Од вчера почна со работа и пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинацијата и ревакцинацијата на граѓаните.

Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 9.123 граѓани, а се вакцинирале 13.303 граѓани.

Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 69 отсто, кај оние над 60 е 65 отсто, а кај населението над 50 години 56 отсто е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи е 13.235.

За потсетување на првата половина на јули, бројот на активни случаи беше 130, а денеска, по месец и половина се искачи на 13.235.

Најмногу активни има во Скопје – 4710, следи Тетово со 2021, Гостивар – 1531, Куманово – 847, Струмица – 651, Кичево – 619, Струга – 447. Во другите градови таа бројка е под 400. Најмалку активни има во Дојран, само два.

Ваквата епидемиолошка слика, ја отвори дебатата дали децата треба да почнат настава со физичко присуство. Вчера дел од родителите бараа од министерката за образование и наука Мила Царовска да дозволи децата да следат онлајн настава, без да покажуваат лекарски извештаи како доказ дека имаат хронично болни во семејството. И градот Тетово побара во првите три недели учениците да следат онлајн настава, имајќи ја предвид лошата епидемиолошка состојба во овој град.

Засега МОН останува на ставот дека учебната година треба да почне со физичко присуство и оти училиштата за тоа се подготвени.

Освен онлај наставата, мерките на Владата, влез во многу места само на вакцинирани лица најмалку со една доза, сè уште ја брануваат јавноста.

Вчера бизнис секторот се пожали дека со новите ковид мерки, трговските центри се речиси празни, а посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.

Previous Post

Трговските центри ПРАЗНИ, прометот минус 40%, БИЗНИСОТ бара итно РЕВИДИРАЊЕ на МЕРКИТЕ

Next Post

Шварценегер им се налути на невакцинираните: Глупави сте што не носите маска и по ѓаволите со вашата слобода!

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Шварценегер им се налути на невакцинираните: Глупави сте што не носите маска и по ѓаволите со вашата слобода!

Шварценегер им се налути на невакцинираните: Глупави сте што не носите маска и по ѓаволите со вашата слобода!

Recommended

Коњановски – Владата одобри за Општина Битола 3,7 милиони евра

1 year ago
Германскиот канцелар Мерц распали по Путин: „Нема да се откажеме“

Најавата на Мерц ќе биде силен удар за Русија

2 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.