Ризик е да се започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели д-р Никола Пановски.
Тој смета дека треба да се овозможи комбинирана настава со оглед на фактот што премногу ученици во едно одделение тешко можат да одржуваат дистанца и да ги почитуваат протоколите, вели Пановски за Плусинфо.мк.
Докторот исто така посочува дека здравствените власти знаеле дека ни претстои попис, избори, учебна година, па затоа не требало да дозволат свадби и собири






