На плажите може да се види се и сешто, а доказ за тоа е и оваа фотографија која најверојатно ни доаѓа од хрватските плажи.
На фотографија која кружи на Интернет се гледа човек како лежи на плажа покриен со пластичен најлон.
Плажите во Хрватска се полни со туристи, и странски и домашни, па често може да се види необични сцени кои предизвикуваат внимание и ги смеат луѓето на Интернет.
Фотографијата е објавена на „Дневна доза на просечен Далматинец“, и предизвика лавина коментари.
– Зошто би платиле за сауна кога можете бесплатно, ова надмина се што сме виделе“, “Идеално ако сакате да доживеете мозочен удар“ се само некои од коментарите под фотографијата.








