Во црногорското етно-село „Брезна“, кое е оддалечено 34 километри од Никшиќ, десетта година по ред се одржува натпреварот во излежување.
Осум натпреварувачи се во игра за 300 евра на јубилејното издание на натпреварот кој започна денеска. На почетокот на годината, организаторите најавија дека поради пандемијата, ќе важат некои посебни правила.
„Прва награда 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, се е дозволено освен станување “, стои во известувањето објавено на Фејсбук, појаснувајќи дека меѓу натпреварувачите ќе има оддалеченост од 10 метри.
Досегашниот рекорд во излежување е 52 часа.







