Твитерџијата што ја објавил приказната вели дека се случила денеска во Сити Мол:
На дечко му бараат сертификат за вакцинација:
– Еве ти сертификат.
– А лична карта треба?
– Не.
– Па сертификатов може да е од татко ми.
– Не знам јас, ми рекоа само сертификати да проверувам.
– Хаха, добро.
– А ти вакциниран си?
– Не, јас не се вакцинирам
Телма, исто така објави искуство на родител на малолетно момче кое денеска не било пуштено во два мол-трговски центри во Скопје бидејќи редарите му барале сертификат за вакцинација.
Таткото на момчето изјавил дека неговиот син е малолетен и не е вакциниран, ниту пак е прележан, а во трговскиот центар биле за да купат патики и други потребни работи за претстојната учебна година.







