Претседателот на Здружение на медицински лаборанти Клинички центар-Скопје, Ивица Апостолов, кој е и вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје се обрати на јавноста со нова, како што вели „вакцинална“ порака потикнат од рапидниот раст на инфицираните со делта сојот на вирусот.
-Јас ве замолувам да НЕ ВЕРУВАТЕ НА СТУПИДНИТЕ И НЕИЗДРЖАНИ АНТИВАКЦИНАЛНИ ПОРАКИ, исто како што не сакам да верувате и на НЕЛОГИЧНИТЕ И АГРЕСИВНИ ВАКЦИНАЛНИ ПОРАКИ! Тие кои се сметаат за антиваксери, јас не ги осудувам што не веруваат на вакцините, но ги замолувам да веруваат во здравиот разум, а здравиот разум вели дека делта сојот на вирусот се шири 50% побрзо од т.н. вухан и британски сој на вирусот! Драги мои, доколку барем малку ми верувате, а се надевам дека до сега никогаш не сум ве изневерил или разочарал во ниту еден мој јавен и професионален настап, како и со етичкиот пристап и пишување околу вирусот, овојпат длабоко од моето срце ве замолувам да разберете дека сојот B.1.617.2 на вирусот “првенствено” ги заобиколува вакцинираните и прележаните, а многу интелигентно бара и ги напаѓа луѓето кои немаат SARS-CoV-2S-At (ковид антитела), појаснува Апостолов.
Тој вели дека овие антитела ги имаат луѓето кои створиле клеточен и вакцинален имунитет, односно тоа се луѓе кои ја прележале инфективната болест КОВИД-19 и/или луѓе кои се имунизирани со две дози на примени вакцини.
-Знам дека имате недоверба виза-ви се што се случува со вакциналната кампања која ја води власта, првин поради фактот што ја водат многу погрешно и агресивно со многу лош пристап кон невакцинираните, а и дополнително поради фактот што има реинфицирани баш меѓу вакцинираните, но верувајте дека овој делта сој на вирусот за да опстане и да се шири т.е. живее, тој бара човечка клетка, затоа што вирусот нема органели и бара енергија, а единствена енергија му е да се “закачи” на рецептор онаму каде најлесно ќе се репликува, а тоа се луѓе кои немаат створено антитела за да можат да ги пуштат “борците” за да го опкружат и “ждерат” вирусот, пишува Апостолов.
Целиот негов став може да го прочитате во продолжение:







