Мало поскапување има на минималната кошничка во земјава.
Во август минималните потреби на домаќинствата чинеле 33.538 денари.
Тука спаѓаат потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки и друго.
Според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница, најголем дел од средствата оделе за исхрана и пијалаци 41,81 отсто или 14.022,45 денари.
Потребите за домување изнесувале 10.780,47 денари или 32,14 отсто, за хигиена биле потребни 2.366,04 денари, за превоз 2.466,69 денари, за облека и обувки 2.118,95 денари.
За култура во август едно домаќинство одвоило 1.066,79 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето 716,20 денари или 2,14 отсто.
На четиричлено семејство во јули му биле потребни повеќе од 33.000 денари за основни потреби. Точната сума е 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби.
Mинимално зголемување има на трошоците за живот.
Дел од намирниците поскапеле, а кај дел има и поевтинување.
Трошоците минатиот месец во однос на претходниот месец скокнале за 0,5 отсто, а цените на мало пораснале за 0,8 отсто.
За нормален живот во Македонија се потребни најмалку 32.854денари за просечно четиричлено семејство, да може во нормални услови да го помине месецот.
Tака барем пресметале во извештајот на Сојузот на синдикати на Македонија за минималната потрошувачка кошница за месец март .
Според тоа најмногу пари граѓаните потрошиле за храна или 13.798 денари, додека за сметки минатиот месец македонците платиле минимим 10.414 денари.
За чистење на домот и за лична хигиена на едно просечно семејство биле потребни најмалку 2.324 денари, за превоз 2.154. Додека за облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни настани просечно четричлено семејство во Македонија за месец март издвоило 1.070 денари.






