За жал не се послуша науката. И од денешен аспект и од аспект на 8 месеци од сега науката вели исто.
Не може да се спречи епидемија или пандемија на горнореспираторна вирусна инфекција ако таа веќе започнала. Може да се модифицира или целосно да се спречи (морбили…) ако е тоа резултат на повеќе годишна вакцинација и други превентивни мерки. Повремени интервенции и соодветни мерки во зависност од моменталната епидемиолошка состојба во еден регион или држава во зависност од оптеретеноста на здравствениот ситем беа доволни мерки за епидемија со корона вирус. Иако ако се размислува со ладна глава, во моментот кога се прогласи пандемија во светот не беше исполнет епидмеиолошки услов за прогласување ни на епидемија во одредени земји.
Следуваше невидена паника, кршење на сите придобивки сознанија и правила од досегашната медицина (кои до оваа пандемија доследно се почитуваа од сите медицинари). Се даваа антибиотици, на вирусна инфекција, тони кортикостероиди, милиони или милјарди литри кислород, се пробуваа не испитани досега процедури и лекови и сето тоа доведе до катастрофални последици со загуба на огромен број на животи и огромни штети по економијата и дотогашниот начин на живот на планатева. Огромен придонес во таа паника има не соодветните за дијагноза на ваква болест ПЦР тестови. Се потисна науката, а голем број интелектуалци и/или лекари од области надвор од инфектологијата и другите превентивни гранки почнаа да нудат решенија и за лекување и за спречување на пандемијата. Резултатите ги гледаме.
Сигурен сум дека ако се оставеше науката како многу пати до сега (десетици пандемии, голем број на епидемии, голем број на карантински и опасни инфективни болести) ќе имаме многу пати помали човечки загуби, а светот ќе функционираше со мали пореметувања.
Шведска е една од ретките земји која на почетокот имаше храброст да ја почитува науката. Нивниот став беше, да болеста е тука, но досегашната наука нуди вакви решенија и како најдобри ние ќе ги спроведуваме нив.
Секако поминаа многу подобро од здравствен аспект, а без никакви загуби во економијата и во останатите сфери од животот. Сепак мислам дека и кај нив во подоцнежниот стадиум од пандмеијата почнаа да се прифаќаат некои ставови диктирани од СЗО, кои во најголем дел беа погрешни.






