Портпаролот од министерството за правда Александар Видиновски. Со свое писание на Фејсбук во однос на оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат вели дека се „функционално неписмени“.
Тој исто така вели дека истите може да се најдат во кладилница, на Фејсбук, на бензинска, во салон за нокти и во политички партии, како и дека не живееме во пештери, туку заедници каде грижата за себе е и грижа за другиот.







