Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трчајте ГОРИ се викаше, немоќта беше голема: Пламенот во Истевник згасна, но тагата и очајот на жителите тлеат

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-08-16
in Uncategorized
Трчајте ГОРИ се викаше, немоќта беше голема: Пламенот во Истевник згасна, но тагата и очајот на жителите тлеат

Скопје, 16 август 2021 (МИА) – Пламенот згасна, но тагата и очајот кај жителите на село Нов Истевник останаа да тлеат. Велат имало пожари и порано, ама овој ќе остане запаметен. Тие за МИА признаа колку е тешко да се поверува во моќта на огнот, кој само за миг го однел она што е со години градено.

– Ситуацијата беше многу страшна, тука се беше запалено, и јас ќе изгорев и се, на една нива тука горе се изгоре, сливи, дрва, што не, од една страна гасни од друга гасни никој немаше време да погледне кај црквата, изгоре и црква и гробишта, камо среќа да не доживеев ова да го видам, вели Ѓорѓија Станоев.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Поради изгорените бандери и немањето струја ја исфрлил цела храна, бидејќи немал каде да ја чува.

Славе Никовски е исто така жител кој беше поштеден од пламените јазли, освен што брои изгорена стока, воедно е и во потрага по таа која за време на пожарот ја испуштил.

– Со ред уништуваше, прскавме со пумпи, вадевме вода од бунарот и прскавме, бог да чува луѓе, ова е страшна работа, Господ да не даде на никој, раскажув тој.

Слободан Николовски се надоврза дека огнот фатил оддеднаш.

– Од таму привикаа, трчајте гори, тоа одеднаш околу нас буре запалено, дури да отрчаме на едната страна, од другата беше се зафатено, среќа што не настрада некој од нас, бидејќи нема што да правиме, немоќта е голема, додава Николовски.

МИА разговараше и со друг жител кој исто така се соочил со пламенот. Според него, среќа е што барем нема човечки жртви.

– Стравот е голем, нема да го заборавиме никогаш, глетката беше страшна уште кога зафати пожарот во шумата имаше мајка со дете само што го виде почна да плаче, изјави тој.

Јавната свест важен предуслов за намалување на пожарите во шумските предели  

Од Центарот за управување со кризи како причинителите за пожари ги издвојуваат човекот, намерно и ненамерно, потоа фрлените стаклени работи и друг отпад во сува вегетација, како и искрите од жици на електрични далекуводи.

Зголемувањето на јавната свест за значењето на шумите и нивната економска, социјална и еколошка улога во секојдневниот живот на граѓаните налагаат поголема одговорност во управувањето со шумите, како природен ресурс, со посебен акцент на нивната заштита и контрола за огрев, техничко дрво за дрвна индустрија, градежништво, но и други шумски производи кои претставуваат значаен приход за руралното население.

Ова го потврдува и претседателот на Здружението на сопственици на приватни шуми Војо Соколовск. Според него, ентузијазмот не е доволен, а решението е во саморганизацијата.

– Поуката е дека мора да се саморганизираме. Ние имаме обичај да чекаме нон стоп некој да не организира на некој начин. Мислам дека е крајно време да почнеме да размислуваме со своите глави и да почнеме локално да се организираме. Пак велам, учеството на институциите, но и на граѓаните, морам со особено задоволство да истакнам, дека беше огромно. Луѓето многу помагаа сега за пожарите кои беснееја овие десетина дена, но факт е дека фали техника, фали знаење. Само со ентузијазам тоа не се решава. Значи мора дефинитивно да седнеме и заедно со институциите да поченме да градиме некој нов систем на функционирање, порача Соколовски.

Пожарите ни помогнаа да ги увидиме недостатоците во подготвеноста за справувањето со нив

И покрај брзата реакција на институциите и успешното гаснење на пожарите, сепак на површина излегоа проблемите со кои државава се соочува кога станува збор за подготвеноста за справување со поголеми пожари.

Според Соколовски, потфрламе на повеќе нивоа, а решението е длабинска и сеопфатна анализа.

– Може на хартија се е прекрасно и се убаво изгледа, ама во пракса некако тешко се применува. Тука пред се имам предвид  да почнеме конечно да ги користиме искуствата од некои западни држави, кои во делот на шумарството, превентивата и заштитата ги имаат на еден многу повисок степен. Пред се јас би ја спомнал тука Словенија како држава. Ние видовме дел од опремата која е тука донесена, сега можеме да замислиме со каква опрема и со какви ресурси располагаат во матичната држава. Но, морам да напоменам дека не е сеедно да сте членка на ЕУ и да не сте во делот на набавка на техника, изјави тој.

Заклучува дека проблемот не е во недостигот на идеи, туку во недејствувањето.

– Тука мислам и на превенцијата и заштита од пожари, зошто ние локалните ако не дејствуваме во реално време и на конкретен начин тогаш многу тешко дека ќе можат Словенците да ни понудат баш многу и дека тие ќе ни го решат проблемот. Тие ќе дојдат, ќе завршат работа, како што и направија, и ние бевме пресреќни, презадоволни зошто тоа се случи, но тие ќе дојдат и ќе си заминат. Проблемите остануваат, а наше е тие проблеми да ги надминеме, порачува Соколовски.

Опстанокот на човекот и шумите отсекогаш имал меѓусебна врска. Со други зборови шумата отсекогаш го следела развојот на човекот и била дел од неговото опкружување, силата на шумата е во воздухот што го дава, а ако го нема воздухот не нема ни нас, останува прашањето дали човештвото ќе продолжи да се самоуништува или пак, сплотени ќе и помогнеме на планетата што поскоро да се опорави.

Симона Србиноска

ФОТО: МИА

Previous Post

Македонија не може да прими бегалци, едноставно не е способна

Next Post

Груевски: Целта е да населат мигранти за да ги направат нивни гласачи

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Груевски: Целта е да населат мигранти за да ги направат нивни гласачи

Груевски: Целта е да населат мигранти за да ги направат нивни гласачи

Recommended

Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“

4 months ago

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.