Немил настан се случи доцна попладнево на охридското крајбрежје кога средовечен маж почина, неофицијално како последица на срцев удар.
Безживотното тело на човекот било извадено од водите, на плажата Метропол, објави „Њуз1.мк“.
На снимката се гледа како на помош доаѓа министерот за здравство Венко Филипче, кој бил на 200 метри, на отворање на Европскиот маратон. Тој се обидел да го реанимира човекот кој имал 70-тина години, но не успеал да го спаси човекот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







