Од понеделник стапуваат мерките кои ги донесе владата,каде за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола на приложување доказ за имунизација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан.
Од Пазарниот инспекторат за Канал 5 велат дека граѓаните нема да бидат казнувани, затоа што тоа е работа на МВР и тие немаат такво овластување.
Како што пред неколку дена истакна и министерот Бектеши казна ќе треба да платата оние угостителски објекти кои примаат неимунизирани гости, односно пазарниот инспекторат има надлежност да го казни само физичкото лице кое е сопственик на угостителски објект, а не и граѓаните кои ќе бидат затекнати во истиот.






