Изутринава делегации од градот, на семејствата, на преживеани и од локалната самоуправа заминаа на месноста Карпалак да им оддадат почит на загинатите. Делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите на градските и на гробиштата во населените места. Од 10 часот во црквата „Света Петка” во прилепската населба Точила ќе се одржи панихида за загинатите, а напладне, од 12 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак” во центарот на Прилеп.
На централното чествување цвеќе ќе полажи и делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска и Петар Ристески. А на месноста Карпалак, од 9:30 часот, цвеќе ќе положат пратениците Марија Георгиевска и Александар Велјановски.
Чествувањата почнаа синоќа пред спомен-обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев” каде делегации положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменот на 10-те загинати прилепски резервисти.
На 8 август 2001 година во заседа поставена кај месноста Карпалак на автопатот Скопје–Тетово загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на Армијата.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







