Вчера не изгоре ниту еден човек. Навреда е тврдењето дека ЦУК не презел ништо. Ние и повеќе од тоа направивме. Дали за нечии болни амбиции треба да ги ризикуваме нашите пилоти? Дрвјата повторно ќе пораснат, ќе ни се вратат. Важно е дека спасени се човечки животи – рече Ангелов.

– Хеликоптерот делуваше на терен кој е тешко пристапен за цистерните, додека пожарот во Кочани можеше да се контролира од земја. Македонија е земја со ограничени ресурси, ние тоа треба да го сватиме тоа – рече Ангелов според кого хеликоптерот е лимитиран ресурс за време на летните горештини, бидејќи машината може за кратко време да се прегрее и да се случи катастрофа.
Тој објасни дека силниот ветар со голема брзина одеднаш синоќа го проширил пожарот во неколку различни правци, а во тој момент имала само еден расположлив хеликоптер.