Стојанче Ангелов, в.д. директорот на ЦУК рече дека по вчерашните пожари во Кочани најважно е што нема човечки жртви, туку сите се живи и здрави.
„Нека гори се, само сите да се живи и здрави. Затоа како ЦУК целосно ќе бидеме фокусирани на луѓето, а потоа на материјалните добра. Изгорени се само два покриви на куќи, неколку возила, но најважно е што нема жртви. Дрвјата ќе пораснат повторно, крововите ќе се санираат, но човечкиот живот нема да се врати“, рече Ангелов.
Ангелов додаде дека нема потреба од прогласување на кризна состојба во одредени делови од земјата, но дека ситуацијата се следи и дека ако има потреба, веднаш ќе биде прогласена кризна состојба.







