„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне верет. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот.
Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни дасде ноќта“,

вели Илиев.
Илиев вели дека единствено командантот на штипската касарна му ветил помош и очекува армијата да се вклучи во ганењето.








