Со овој чип , носителите може да плаќаат авионски и билети во воз или да отвораат врати со електронска брава. Луѓето со био чип може да вршат наплата и во продавници , како и да извадат пари од банка. Во последно време , чипови вградуваат и болни луѓе низ целиот свет. Био- чипот , кој има посебна прогртама , има задача да го потсети човекот кога треба да земе одреден лек, но и да ја одбере вистинската кутија. Освен тоа чипот има посебни сензори со кои се отвора само вистинската кутија со лекот.
Чипот вграден во раката е во можност да функционира и како електронски паричник, така што може да се искористи да се плати со допир наместо платежна картичка, потоа билет, или како сензор за препознавање во различни ситуации: да влезете во зграда, овластување за пристап и слично.






