По успесите на дел од нашите спортисти во индивидуалните спортови и националните селекции во спортовите со топка, Македонија од денес има нова спортска икона, нов олимпионик со кого се гордее.
„Го имаме најголемиот историски успех откако нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска македонска спортска икона, ти си идолот на новите генерации!
А тебе докторе, тебе Борче Костовски, за тебе имам неколку збора: Ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад не може со збор да се опише. Тоа е за филм. Тесно финале, недосуден чист удар во глава, но спортот знае да биде суров. Сребро на Олимписки игри во фулконтактен боречки спорт е сон со кој јас и мојот брат живееме откога постои ТК Буте.
Македонија, радувај се. Се гледаме горди и доистоинствени на плоштад!“, напиша Дарко Костовски







